Македонија

Климатските промени му штетат на производството на ориз

Оризопроизводителите загрижени

Климатските промени и годинава ќе го десеткуват родот на оризопроизводителите. Намалувањето на ноќните температури, пред почетокот на новата жетва лошо ќе се одразат на квалитетот на белото зрно. Земјоделците, сега стравуваат дека приносите од новата жетва ќе се намалат и до 30% посебно на површините кои покасно биле посеани, бидејќи сончеви денови за во целост се формира зрното ќе нема доволно.

„Тоа не е болест, тоа е од климатските промени. Преку ден имаме високи, а навечер ниски темпертури. Тогаш зрното не може да се оплоде и станува шупло, празно. Еден класт треба да има до 150зрна, а ние се плашиме дека може да дојдеме до 100….моментално гледајќи ја ситуацијата на терен за околу 30%можат да се намалат приносите„ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.

Во меѓувреме, оризопроизводителите од Кочанско чекат да ги потпишат договорите за откуп на оризовата арпа за стоковните резерви. Предвидено е да се откупат околу 2400тони . Со новиот род, но и родот од ланската година во силосите на производителите на залиха ќе останат од 3000 до 5000тони оризова арпа. Оризоприоизводителите бараат државата да покаже флексибилност во делот на тоа кој може да предава ориз, бидејќи голем дел од нив работат ниви кои не се во нивна сопственост.

„Голем дел од оризопроизводителите работат површини кои не се пријвени во Министерството за земјоделие, а не се пријавени по основ бидејќи имотно-правните односи не се регулирани, односно работат ниви од дедо или пра-дедо. Таму исто имаме производство, се плаќа воден надоместок, но бидејќи не се регистрирани во ресорното министерство и на тие површини не можеме да дадеме количина оризова арпа, која е предвидена да биде околу 800кг„ изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.

Освен оризова арпа, годинава за прв пат државата за стоковните резерви откупува пченица од домашни земјоделци. Се планира да се откупат 9000тони меркантилна пченица од реколтата 2025 , по цена од 13 денари за килограм.

извор: Алфа тв

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top