Македонија

Рамиз Мерко и претходната власт СДС-ДУИ во Струга оставиле долг од 55 илјади евра за превоз на учениците

Долгот кон превозниците е направен од времето на претходниот градоначалник Рамиз Мерко и претходната власт на ДУИ и СДСМ. Сегашниот градоначалник Менди Ќура мора да го плати, ако сака превозниците да ги возат учениците оваа учебна година

Општина Струга ќе го подмири долгот од 55.000 евра за превоз на учениците во основни училишта наталожен со години во наредните два до три месеци, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Менди Ќура, по постигнатиот договор на средбата со превозниците. На средбата, било договорено и зголемување на цената за превоз на учениците, која, според превозниците, била многу ниска и не била променета со години.

Градоначалникот Ќура посочи дека во Општина Струга пристигнало барање од превозници од неколку села, кои барале Општината да им го исплати повеќегодишниот долг за превоз на учениците. Долгот изнесува 3.432.000 денари, односно околу 55.000 евра, само за превозот на учениците во основните училишта. Според него, станува збор за долг на училиштата, кој се акумулирал со години и кој воопшто не е поврзан со осуммесечното негово управување со локалната власт.

– Барањето од нивна страна е дека треба да се исплати стариот, долгогодишен долг од 55 илјади евра. Плаќањата се реализираат етапно, од моето доаѓање како градоначалник од Општинскиот буџет веќе се исплатени околу еден ипол милион денари – рече Ќура.

Општината, нагласи градоначалникот, настојува да ги врати сите долгови, забележувајќи дека за тоа реагираат токму оние кои ги создале, односно претходната општинска власт. – Овој долг е веќе направен од времето на претходниот градоначалник и претходната власт ДУИ и СДСМ и затоа ни дојде нас на тежина нивниот долг да го подмириме. Ги убедувам возачите, транспортерите дека овој долг ќе се подмири во рок од два до три месеци – рече Ќура потенцирајќи дека насобрани се долгови и за превоз на ученици за средните училишта, за што зема обврска дека ќе бидат исплатени.

Најнови вести од: Македонија

Ако може плажа на Сена во Париз, зошто не на Вардар во Скопје?

Водата од реката Вардар се употребува за наводнување на дел земјоделски површини со што се загадуваат земјоделските производи, а тоа влијае на здравјето на луѓето што ги консумираат, пишува професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Ристто Цицонков.

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

Мицкоски: Уставот нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани, па и за бугарската заедница, но што правиме со македонската заедница во Бугарија?!

Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита на правата за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница.

Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација!

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во Охрид.

Во Македонија сите заедници, меѓу нив и бугарската, се заштитени со Уставот

Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница. И тоа не го зборувам само јас, туку тоа го зборува и Советот на Европа – рече премиерот Мицкоски

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Најнови вести

To top