Македонија

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто

Споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 13 часот утринава изнесува 20,50 отсто, односно своето право на глас го оствариле 3.331 избирач, информира Државната изборна комисија. Споредено со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 1.48 проценти.

– Според пресекот направен во 13 часот и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 3.331, или изразено во проценти 20.50 отсто, се вели во соопштението од ДИК.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, од Државната изборна комисија информираат дека до 13 часот се пристигнати шест приговори, од кои три се усвоени, додека три приговори се одбиени како неосновани.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15:30 која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top