Македонија

По повеќемесечно чекање од денес повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер – Се разгледува можноста за набавка на втора ПЕТ камера

По повеќемесечниот застој единствениот ПЕТ/КТ скенер во Македонија повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за прегледи на пациентите, кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања. Според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.

Нефункционирањето на апаратот особено ги погоди онколошките пациенти, за кои ПЕТ/КТ снимањето е важно, за да се утврди дали терапијата дава резултат и дали лекувањето треба да продолжи или да се промени. Поради долгото чекање, дел од пациентите бараа алтернативи во странство или во приватни здравствени установи, каде што еден преглед чини околу 1.300 евра.

Клековски денеска потврди дека апаратот е повторно активен и дека е обезбедена потребната количина радиоизотоп. „Ја имаме неопходната количина на радиоизотопот. Комуницираме и со Софија и со Истанбул, сакаме да обезбедиме алтернативи за да може ПЕТ-скенерот да работи и во сабота“, изјави министерот.

Планот на Министерството е значително да се зголеми бројот на снимања. Во текот на минатата година биле направени околу 2.700 ПЕТ/КТ прегледи, што според Клековски е максималниот капацитет што апаратот можел да го постигне годишно. До редовното сервисирање, пак, биле реализирани околу 1.100 снимања. Целта сега е бројката да се зголеми на меѓу 5.000 и 6.000 снимања годишно. ПЕТ/КТ дијагностиката не се користи само кај онколошки пациенти, туку има значајна примена и во неврологијата. Се разгледува можноста за набавка на втора ПЕТ камера. Според здравствените власти, со тоа би се зголемил вкупниот капацитет и би се намалило времето кое пациентите го поминуваат на листите на чекање.

Проблемот со единствениот ПЕТ-скенер беше објавен на почетокот на август, кога беше соопштено дека апаратот е надвор од функција поради дефект поврзан со опремата потребна за производство на радиоизотопи. Неколку дена подоцна, од Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија информираа дека овластениот сервисер работи на отстранување на дефектот. ПЕТ/КТ снимањето е особено важно при следењето на малигните заболувања. Со оваа метода лекарите можат да ги откријат и локализираат туморите, да утврдат дали болеста се проширила и да проценат како пациентот реагира на терапијата. Врз основа на резултатите се носат одлуки за понатамошниот тек на лекувањето.

Од Институтот претходно посочија дека дефектот бил поврзан со производствениот процес на радиоизотопите. Беше укажано и дека во изминатите години не бил следен протоколот за превентивно одржување на дифузионата пумпа, кој предвидува, меѓу другото, нејзино чистење и замена на маслото на секои пет години. Во периодот додека скенерот не работеше, Клиниката за онкологија и радиотерапија и Клиниката за хематологија биле информирани за потребата од дополнителна тријажа на пациентите и примена на други дијагностички методи.

Со повторното ставање во функција на апаратот, започнува постепеното реализирање на закажаните снимања, додека Министерството најавува мерки со кои треба да се обезбедат поголем капацитет и поконтинуирана ПЕТ/КТ дијагностика.

Најнови вести од: Македонија

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

На годинашниов 39-ти Охридски пливачки маратон утре ќе настапат 16 пливачи на патеката, долга 25 километри

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија.

Ангелов: Во Македонија има 15 пожари, од кои 4 се големи – Проблем во гаснењето е непристапниот терен

На територијата на Македонија се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи пожари, Четирите големи пожари се на подрачјата на општините Прилеп и Битола, Македонски Брод, Студеничани и Липково, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Уништени, или оштетени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв – ги сечеле со брусилка!

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни, информираат од Здружение за одржлив развој САТ – Скопје. Зимската маркација била поставувана од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година со учество на повеќе од 25 локални доброволци и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложиле значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра.

Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за македонската делегација, најбројна досега на Медитеранските игри

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова. Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

To top