Македонија

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Првите целосно завршени делници од автопатот Прилеп-Битола се очекуваат во текот на следната година, додека крајниот рок за завршување на целиот автопат останува крајот на 2029 година, изјави министерот за транспорт Александар Николоски при посетата на Прилеп. Според Николоски, изградбата во текот на летото се одвива со добра динамика, а за реализацијата на проектот бил одржан и работен состанок.

  • „Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2029-тата година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, значи во две насоки, 3 плус 3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година“, изјави Николоски.

Министерот информираше и дека преку различни програми на Министерството за транспорт во Прилеп се инвестираат 580 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра. Од оваа сума, околу три милиони евра се од првиот повик, а околу 4,5 милиони евра од вториот повик.

Вицепремиерот Николоски ја потенцираше поддршката за општина Прилеп од страна на Владата, наведувајќи дека преку програми од Министерството за транспорт се инвестираат 9,5 милиони евра.

  • Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светска банка од 350 000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката – социјално загрозените, 1,5 милиони евра се инвестираат за изградба на зграда со социјални станови преку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, која до крај на годината треба да биде завршена и до пролет и становите да бидат поделени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти – изјави Николоски.

Дополнително, се реализира и програма со Светска банка во вредност од околу 350 илјади евра, како и инвестиција од околу 1,5 милиони евра за изградба на зграда со социјални станови. Според најавата на Николоски, објектот треба да биде завршен до крајот на годинава, а становите да бидат распределени и вселени до пролет.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порачувајќи дека единството, истрајноста и заедничката цел се темелите врз кои треба да се гради иднината на државата. Иванов потсети дека со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, шестмината основачи ја поставиле основата за остварување […]

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top