Бизнис

Со унгарски пари ќе се гради голема гасна централа во Македонија

Во последната деценија MET Holding стана еден од најголемите играчи на пазарот на гас во Централна и Источна Европа. МЕТ е основана во 2007 година од унгарската државна корпорација за гас „МОЛ“. Тогаш во медиумите се појавија обвинувања дека унгарскиот премиер Виктор Орбан стои лично зад развојот на МЕТ, користејќи раководни лица за пренос на целиот бизнис со гас од државната МОЛ на новата приватна компанија која во меѓувреме презеде удел. Во 2013 година е основана МЕТ Холдинг во Швајцарија, која е во стопроцентна сопственост на унгарскиот МЕТ.

Фирма оснoвана од унгарскиот МОЛ сака да гради моќна гасна централа во Македoнија со која ќе произведува големо количество на електрична енергија, објави Фактор. Во прифатениот план за изградба на енергетски објекти во 2026 меѓу сите фотоцентрали и ветерни паркови, чиј почеток на инвестициска реализација е најавен кај македонските власти, има и една когенеративна централа со капацитет од огромни 495 мегавати. Инвестицијата што се најавувава е проценета на 445.500.000 евра. За споредба, ќе биде многу поголема од таа на ТЕ-ТО, сопственикот на единствената поголема гасна централа во Скопје, која произведува струја и топлина од руски гас.

Фирмата се уште не е официјално регистрирана во земјата, но е најавена како „Статус Енерџи ДОО Скопје“ и таа ќе гради во вардарскиот регион. Неофицијано, во Македонија ќе биде формирана од унгарска компанија-партнер на швајцарската „MET Group“, инаку корпорација која врти десетици милијарди евра годишно главно во Источна Европа..Најавата во енергетскиот план, значи и тоа дека ќе биде потребна банкарска гаранција заради сериозноста на инвестицијата. Во проектот најавена е гасна турбина од 340 мегавати и парна турбина од 155 мегавати.

„МЕТ Енерги“  како фирма веќе е регистрирана во Македонија во ноември 2024 со седиште во деловниот центар Соравиа со 100.000 евра влог.. Сопственик е  „МЕТ Салес анд Традинг Холдинг“ од Швајцарија со дејност трговија со електрична енергија. Запишани биле тројца директори – Далибор Стојевски кој претхдно бил комерцијален директор на ТЕ-ТО, како и еден бугарски и еден швајцарски државјанин. МЕТ Енерги ДООЕЛ од 12 мај 2025 година поседува лиценца за трговија со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика.

Како пример, „МЕТ енерџи трејдинг – Бугарија“ во 2019 по само две години од регистрацијата стана еден од најголемите трговци на електрична енергија и гас во Бугарија, зголемувајќи го својот промет на импресивни 92 милиони лева, со најава за уште поголема експанзија. Беа преземани и проекти со ветерници во регионот, па така, МЕТ Renewables холдингот започна со работа на проект за изградба на ветерните електрани Пландиште, во Србија, во партнерство со српската енергетска компанија НИС.

Во последната деценија MET Holding стана еден од најголемите играчи на пазарот на гас во Централна и Источна Европа. МЕТ е основана во 2007 година од унгарската државна корпорација за гас „МОЛ“. Тогаш во медиумите се појавија обвинувања дека унгарскиот премиер Виктор Орбан стои лично зад развојот на МЕТ, користејќи раководни лица за пренос на целиот бизнис со гас од државната МОЛ на новата приватна компанија која во меѓувреме презеде удел. Во 2013 година е основана МЕТ Холдинг во Швајцарија, која е во стопроцентна сопственост на унгарскиот МЕТ.

MET Group од минатиот ноември е нов учесник на домашната берза на електрична енергија, МЕМО, во Македонија. Компанијата е присутна во 21 држава преку свои подружници, учествува на 33 национални пазари на природен гас, и оперира на 44 меѓународни трговски пазари.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top