Македонија

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Порталот содржи податоци за истражувачите, научноистражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Поврзан е со глобалните бази „Веб оф сајнс“ (Web of Science), „Скопус“ (Scopus) и „Гугл сколар“ (Google Scholar), што овозможува следење на научните резултати, цитираноста и X-индекс. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на промоцијата на порталот e-nauka.mon.gov.mk изјави дека целта е да се поттикне и да се направи повидлива научната мисла, како и да се поврзе со бизнис-секторот за поддршка на истражувачкиот и иновативниот потенцијал. Ги повика истражувачите од државните и приватните универзитети и од научните установи, МАНУ, како и македонските истражувачи што работат во странство, да се регистрираат во електронскиот регистар.

Според неа, порталот ќе овозможи полесно поврзување на научниците со индустријата, идентификување експерти според нивната област на работа и создавање нови партнерства, а на јавниот сектор ќе му обезбеди подобар преглед на националниот истражувачки капацитет. Порталот е достапен и за меѓународни универзитети и истражувачки организации, за што додаде дека отвора можности за заеднички грантови, научни трудови и меѓународни истражувачки проекти.

  • „Дополнително, ги повикуваме алумните на нашите универзитети кои работат на видни универзитети во странство и во видни приватни компании, исто така да се регистрираат за да се направи една убава мрежа која ќе доведе до иновации во земјата. Иновацијата обезбедува економски напредок на земјата“, рече таа.

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“ (Web of Science), „Скопус“ (Scopus) и „Гугл сколар“ (Google Scholar). Регистрацијата засега е доброволна, но Јаневска најави дека во иднина би можела да стане задолжителна.

  • „Првенствено затоа што ќе го сфатат бенефитот, но ако тешко оди процесот, ние ќе ги потсетуваме дека треба тоа да го направат“, додаде таа.

Министерката посочи и дека МОН во изминатите две години континуирано го зголемувал буџетот за научноистражувачка дејност – од 380 милиони денари во 2024 година, на 680 милиони во 2025 година и 773 милиони денари годинава. Во тек е реализација на научноистражувачки проекти од национален интерес во вредност од над 370 милиони денари. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска најави дека ќе продолжат контролите на високообразовните установи и научните институти. Посочи дека досега се затворени 18 институти поради неправилности, како и повеќе студиски програми на факултетите.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

To top