Македонија

Повторно активен порталот за електронски услуги за граѓаните

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk повторно е ставен во функција по завршување на техничките активности. По реализираната техничка интервенција и надградба на системската опрема, повторно е овозможено нормално функционирање на порталот и непречен пристап до електронските услуги за граѓаните.

Министерството за дигитална трансформација ја извести јавноста дека Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk, е повторно оперативен.

  • “Со завршувањето на активностите за техничка интервенција и надградба на опремата, овозможено е повторно нормално функционирање на порталот и достапност на електронските услуги за граѓаните”, се наведува во соопштението.

Од Министерството изразуваат благодарност до граѓаните за покажаното трпение и разбирање за време на привремената недостапност. Тие, исто така, наведуваат дека “остануваат посветено на обезбедување сигурни, стабилни и достапни дигитални услуги”.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top