Македонија

Возобновената црква „Св. Недела“ во Скребатно, Охридско – исполнетиот сон на Божа Шикалоска (Видео)

„Света Недела“ е понова селска црква лоцирана во непосредна близина на живописното охридско село Скребатно. Се наоѓа на самиот пат до Скребатно, на околу еден километар под селото. Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година, објави „Охридпрес“.

Медиумот натаму пишува: Црквата била подигната со средства на Борис и Љупчо Шикалоски, кои живеат во Охрид, но потекнуваат од Скребатно. Црквата е изградена по сон на Божа Шикалоска, сопруга на Борис Шикалоски. На сонот нејзиниот дедо ѝ кажал да го побара запоставеното црквиче „Св. Недела“.

Постарите мештани на Скребатно се сеќавале на вакво свето место и кога се започнало со копање каде што се наоѓа црквата бил пронајден еден камен со крст.

Црквата е подигната од делкан камен, со впишан крст во вид на тролисна детелина однадвор и кубе. Исто така, поседува и конаци и убаво уреден двор.

Фрескоживописот во црквата бил изработен од академскиот сликар Владислав Коцарев.

Видео

(Текст, фото и видео: „Охридпрес“)

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top