Свет

Трамп: Зошто би требало да ја субвенционираме Канада?

Канада мисли дека е сојузна американска држава, а не, вели американскиот претседател

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја коментираше трговската војна со Канада, велејќи дека САД „губат над 60 милијарди долари годишно од Канада“.

„Тие мислат дека се држава, но не се држава“, истакна тој во интервју за „Фокс њуз“ и додаде: „Зошто да ја субвенционираме Канада? Го кажувам тоа долго време…“, пренесе “Индепендент“

Откако се врати во Белата куќа минатата година, Трамп предложи сојузникот со кој САД некогаш имаа топли односи да биде апсорбиран како 51-ва држава.

Но сега Трамп ја даде својата изјава во врме на продлабочените трговски тензии меѓу двете земји, обележани со спорови околу царините.

Претходно Трамп рече дека „бизнисите што ни беа украдени одамна сега се враќаат во Америка“ за да ги избегнат наметнатите царини.

Минатата недела, САД објавија дека воведуваат царини од 50% на канадска стока во вредност од 20 милијарди долари откако преговорите меѓу земјите не успеаја.

 

Трамп најавува 50% царини на канадските автомобили: Трговската војна со Канада се заострува

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top