Македонија

Мицкоски: Да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе РМ во ЕУ, но без компромиси за идентитетот, јазикот и културата, оти тоа ќе биде уривање на АСНОМ и Илинден!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија се осврна и на Европската Унија, нагласувајќи дека тој работи во насока да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во ЕУ, но додаде дека сите се свесни дека постои еден последен предизвик за да се почне со патот, а за да се надмине потребно да се да се создаде доверба.

Мицкоски истакна дека довербата ќе се создаде, ако се прифатат фактите, да се престане со игнорирање на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија, да се стави крај на негирањето на правото на употребата на мајчиниот македонски јазик, да се престане со барањето на корените на македонскиот народ како резултат на одлука на комунистичката Коминтерна. Премиерот нагласи дека нашиот пат е европскиот, но на него не може да се прават компромиси за идентитетот, јазикот и културата.

– Јас посакувам и јас работам да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во Европската Унија. Нема подобра алтернатива за државата. Но истовремено секој еден од вас треба да знае дека има уште еден последен предизвик, кој што стои пред нас, не за да го завршиме патот, туку за да го почнеме, не затоа што имаме некаква гаранција дека ќе стигнеме до целта, туку дека ќе почнеме да го чекориме тој пат. Кога ќе ги слушнете сите оние лицемерни крици на немоќ од нашите политички противници, или барем од дел од нив, кои што велат во една состојба на самозаводолување – решете го проблемот и нималку не се свесни дека тие се тие кои во суштина го креираа проблемот, кои што од предлог прифаќајќи го на авантуристички начин, созадоа услов за нашиот напредок, кон полноправно членство во ЕУ. Истите тие кои денеска ги слушаме како на отворена сцена не повикуваат да го решиме и да ќе го решиме, само треба трпение, најпрвин да се создаде доверба, а за да се создаде доверба, треба да престане да се игнорираат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница. Треба да се престане да се негира правото на мојот мајчин македонски јазик, треба да се престане да се бараат корените на македонскиот народ како резултат на одлука на комунистичката коминтерна, туку да се прифати факт кој што е стар со векови. Тоа се факти од кои нема бегање и додека не ги прифатиме овие факти нема доверба, а кога нема доверба нема дијалог, затоа напрвин ајде да создадеме доверба, а потоа и да водим дијалог. Дијалог без доверба не водиме никаде, туку кон нови проблеми и нови порази – порача Мицкоски.

Тој нагласи дека има и такви прашања за кои нема компромиси, за кои нема договори под маса, додавајќи дека нема играње за она што значи наш идентитет, наше постоење, наш јазик и култура. -Компромисот за овие прашања значи уривање на македонскиот АСНОМ и Илинден. А добро знаете, добро знае секој еден од вас дека ова е последната брана, дека нашиот збор е најсилната брана, а со зборот нема играње, тогаш си играте со честа, а која ќе ја изгубите честа, тогаш ништо друго не ви е потребно во животот – истакна Мицкоски.

Премиерот во својот говор нагласи дека 35 години се доволна дистанца да пораснеме и ги разбереме нашите слабости, нагласувајќи дека живееме во општество на длабоки контрасти, кои не опстојуваат толку кај народот колку во политичките елити,  кои пак го разединуваат народот. -Многумина ми рекоа, сепак е оваа свечена пригода, не се занимавај со нив. Точно е тоа, но мора да се демонтира нивниот лажен морал, за да народот знае со какви предзвици се соочуваме – порача Мицкоски.

Премиерот додаде дека разбира оти нивната главна задача е да извалкаат сè што носи напред, да поделат, да внесат сомнеж во сè што се прави, дури и во радоста и прославата за 8 Септември, со безброј прашања, квалификации и одредници од кои човек треба да се разочара.

Тие, додаде Мицкоски, се фабрика за произведување безнадежност, очај и нихилизам, омраза која го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат, како на норма.

-Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку многу различни. Жалам што ќе констатирам но таквите поединци не се достојни за времето во кое живеат и за улогата која се борат. Тие се тегот кој влече надолу, и сето ова е резултат на тоа што тие сакаат власт, поради пари и моќ, не поради идеја и концепт. Тие се против сè што води напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме, против брза железница, против покачени плати и пензии, против дата центри, против нови инвестиции. Ако се каже треба нов владин авион, тие веднаш скокаат и велат се луксузирате. А не бројат колку животи ќе се спасат, бидејќи тој авион е и за таа цел. Тоа е кусогледа политика – нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека кога ќе заврши неговиот мандат ниту дата центрите, ниту болниците, ниту училиштата по општините ниту авионот ќе ги земе со себе, тоа, додаде останува на граѓаните, на државата, за народот. -И многумина ми велат да не се повлекуваме, но јас сум разумен човек, давам шанса на дијалогот, затоа што верувам дека доброто секогаш го победува лото, и затоа што политиката е вештина на дијалогот, кој е попаметна и поцелисходна од поларизирањето и блокирањето. Ќе продолжиме да градиме мостови, ќе подавам рака за прашања важни за нашата иднина и нема да се откажеме од тоа да понудиме дијалог, затоа сечија суета, па и мојата не значат ништо кога во прашање е Македонија – истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Обединување, но и критики – Што точно порачаа функционерите за 8 Септември?!

Членството во Европската Унија останува стратешка цел и дека сака неговата генерација да биде таа што ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Сепак, пред државата стои „последен предизвик“ не за да го заврши, туку за да го започне патот кон членството – создавањето доверба.

(Видео): Официјално пуштен реконструираниот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид

По реконструкцијата што почна во март годинава, свечено е пуштен обновениот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид. Ова е прва реконструкција на аеродромот по 56 години. Аеродромот има рекордни над 240 илјади патници од почетокот на годината досега, а очекувањата се дека вкупно оваа година ќе има околу 4 милиони патници.

(Фото галерија): Аеродромот во Охрид како вистински музеј – украсен со реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија

Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето.

Силјан: Македонскиот јазик e нашата куќа во времето, во него зборуваат предците, се огледува совеста на живите и се именува иднината на децата!

„На избори се добива мандат – не тапија на татковината. Ниту една партија, власт или генерација, не е сопственик на Македонија. Ние сме нејзини привремени чувари меѓу оние, што ја сонувале и оние, што ќе ја наследат.“- порача Раде Силјан во словото по примањето на Орденот „8 Септември“ на свеченоста по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија

„Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на С. Македонија, додека славите 35 години независност.“ – истакнува американскиот државен секретар Марко Рубио во честитката, упатена по повод Денот на независноста на Република Македонија Осми септември.

Мицкоски: Има само една татковина, еден сон, една борба, една идеја: Македонија! Премалку сме да се делиме!

„Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми. Туку затоа што имаме сила да ги решиме. Не затоа што историјата ни ветила победа. Туку затоа што ние сме подготвени да ја заслужиме!“ – порача денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на свеченоста под мотото „Силно светнал ден!“ на платото пред Владата на Република Македонија.

Македонците во Албанија: Честит Денот на независноста на Македонија, таа е нашиот завет!

Македонската партија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во Албанија, упатија честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, до сите Македонци, во татковината и каде и да живеат низ светот, порачувајќи: „Македонија е нашиот завет!“

Ахмети во празничната честитка: Да внимаваме, оти државата слабее кога граѓаните се чувствуваат исклучени!

„Охридскиот мировен договор ја преобрази самата држава. Тој ја промени филозофијата на нејзиното функционирање. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Триесет и петгодишнината од независноста на С.Македонија е момент да размислиме сериозно каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост, туку кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени.“ – наведува лидерот на ДУИ Али Ахмети во честитката по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, која ја објави на својот официјален фејсбук-профил.

Најнови вести

To top