Македонија

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

– Ние ги повлековме во овој момент програмата и предметот и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста, да видиме дали навистина во програмата има нешто за што би можело да има забелешки. Инаку, во програмата има теми: семејство, има заштита од сексуално преносливи болести, има заштита од несакана бременост, има рамноправност на половите, има тема за недискриминација меѓу половите. Но, повторувам, веќе го замолив Бирото за развој на образованието, оти јас не сум стручна, но и лично ќе се ангажирам, збор по збор да ја поминеме програмата, да видиме што е тоа што е проблем во неа – изјави Јаневска.

Како што рече, постојат научни докази дека сексуалното образование во средното образование е корисно во периодот кога децата на таа возраст се соочуваат со темите обработени во овој предмет. Посочи дека предметот бил изборен и можело да го слушаат само средношколците што сакаат, од прва до четврта година.

– Меѓутоа, должност на министерот за образование и наука е да ги слушне сите што имаат какви било коментари за образовниот систем – додаде Јаневска.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција станува секојдневие за македонските ученици, но сепак тие бележат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во делот за решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации. Според најновите резултати од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 […]

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката […]

„Корча плус“:Општина Пустец заборавена, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top