Бојан Миовски дочека од скромната минутажа во дресот на Глазгов Ренџерс сезонава да стигне до својот прв (првенствен) гол, и тоа за победа од 1:0 против Сент Мирен на домашен терен во третото коло од фудбалскиот Премиершип на Шкотска.
Напаѓачот на „полицајците“ и на репрезентацијата на Македонија влезе во игра во 78. минута, а во првата минута од судиското надополнување на времето го постигна единствениот погодок на стадионот „Иброкс“ во Глазгов.
Буквално до завршувањето на преодниот рок неодамна 27-годишниот стрелец на седум првенствени голови за Ренџерси во минатата сезона, вкупно 13 во сите клупски натпреварувања, беше поврзуван со заминување од шкотскиот гигант, но остана за да им ги затне устите на критизерите.
Лобот на Миовски за три бода на линкот.