Македонија

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од бандитските, криминални и ненационални политики на владите на Заев и Ковачевски!

Сметките од работењата на претходните влади на Зоран Заев и Димитар Ковачевски и како тие се справуваа со кризата денес ги плаќаат граѓаните, и не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Запрашан за коментар на изјавите на Венко Филипче за работењето на владите на Заев и Ковачевски, Мицкоски рече дека мнозинството граѓани делат став дека не смее повторно да се дозволи такво владеење.

-Не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади. Не дај Боже! И мислам дека тоа го мислат мнозинството граѓани. Начинот на којшто тие се справуваат, денеска ги плаќаме сметките, додека тие уживаат во мелосот на ѕвезди музички од околината во скапи егзотични дестинации, се возат на скапи јахти. Ние ги плаќаме, односно вие, граѓаните ги плаќате сметките од тоа време како тие се справуваа со кризата – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „TESSA Energy“.

Наместо соочување со одговорноста, според Мицкоски, тие продолжуваат да ги бранат и промовираат тие политики.

– СДСМ повторно ја испушта можноста да се извини за сите оние погрешни, криминални, бандитски, анационални политики од тие две влади за коишто СДСМ денеска излегува во јавноста и ги брани, односно владата на  Заев и на Ковачевски. Наместо да се извини и да се повлече од сето тоа што го имаат направено, тие уште го промовираат тоа – изјави Мицкоски.

Мицкоски изрази зачуденост како можат „со тие пораки да ги погледнат граѓаните во очи после сето тоа, што им го направија во тие седум години додека владеа“.

Најнови вести од: Македонија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија за злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец, за да се изјаснат како Бугари!

„На 11 септември 2026 бугарски лекари вршеле прегледи во државна амбуланта во Пустец. Бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија. На Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.“ – реагира во најостра форма Македонското друштво “Илинден“-Тирана .

Велјановски: Талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект

„До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“ – Ивановска Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно

Добро би било градоначалникот да ја научи историјата на градот, особено за периодот кога се иселувале селата Долно и Горно Водно и се пошумувало брдото за да не го поплавува градот

250 илјади евра за настани во еден ден – Како се организирала прославата за поканата за членство во НАТО во 2018 г.

Задолженијата и одлуките биле донесени четири дена пред настаните, дел од постапките биле почнати истиот ден кога се донесени заклучоците од Владата, а договорот за техничката опрема бил потпишан еден ден пред настаните

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

Најнови вести

To top