– ВМРО-ДПМНЕ има очекување кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на „Теса енерџи“.
ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека нивни кандидат за градоначалник на Брвеница е Стојанчо Радичевски. Нивниот коалициски партнер Вреди исто така вчера соопшти дека нивни кандидат за градоначалник е Јакуп Хусеини.
Предвремените избори во општина Брвеница се распишани, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски.