Македонија

Владата денеска ќе го намалува данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Најавата доаѓа пред утрешната корекција на цените на горивата од Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски вели дека со новата мерка Владата очекува намалување на цената на дизелот.„Мерки веќе имаме за горивата, намалени акцизи за дизелот и безоловното гориво. Денеска повторно ќе имаме владина седница и ќе донесеме нова мерка – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти. Со тоа очекуваме да има намалување на цената на дизел-горивото“, рече Мицкоски.

Тој дополнува дека намалувањето на данокот ќе има директни последици врз приходите во државната каса, но укажува дека приоритет на Владата е заштитата на животниот стандард. „Тоа ќе има последици врз Буџетот, но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните. Не е лесно, ќе се бориме. Имаме неколку војни, најголема енергетска криза“, изјави премиерот.

Според Мицкоски, и покрај високите цени, горивата во Македонија ќе останат поевтини во споредба со земјите од соседството. „Ќе остане убедливо најниската цена на горивата. Дали таа во суштина е ниска? Не е. Но, е поевтина од таа во соседството, каде што плаќаат 150, 180 денари и така натаму“, рече Мицкоски.

Новата мерка треба да биде разгледана на денешната владина седница, непосредно пред новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродавните цени на нафтените деривати.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top