Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Коцевски е на позиција, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%

Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ

Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ, Велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.

Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.

Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.

Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има“ нагласуваат од владејачката партија..

„Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.

На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ“ се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top