Хроника

Видео: Уапсен 62-годишен маж кој силувал дете помало од 15-години на јавно место во Тетово

62-годишен маж од тетовско село сам се пријавил откако бил снимен како силува дете

Screenshot

На 25 септември во 21:45 часот, 62-годишен маж од тетовско село сам се пријавил во Полициската станица Тетово, откако претходно на социјалните мрежи било објавено видео. По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лицето било лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, според член 188 од Кривичниот законик.

Мажот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, како и за целосно расчистување и документирање на случајот. По завршувањето на постапката, од МВР најавуваат соодветна пријава.

 

Најнови вести од: Хроника

To top