Македонија постигна успех во планот за раст, напредокот е навистина импресивен, за тоа зборуваат и добиените средства од ЕУ, изјави денеска во Скопје по средбата со премеирот Христијан Мицкоски претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен.
Пофалбите од неа пристигнаа и за „Везилка“, платформа создадена од овој владин тим преку која Македонија ќе се приклучи кон ЕУ на поинаков начин, со што новите компании ќе добијат шанса преку вештачка инетлигеција да и се приклучат на Унијата.
Фон де Лајен на новинарско прашање одговори дека со премиерот Мицкоски разговарале за интензивирање на преговорите со Бугарија и за деблокада на македонскиот евроинтегративен пат закочен од официјална Софија. Како што кажа претседателката на ЕК, „првиот чекор е следната недела да направиме поконкретен обид за деблокирање на процесот со Бугарија“. Мицкоски изјави дека веќе му дал насоки на министерот Тимчо Муцунски за иницирање средба со неговата колешка од Бугарија.
По средбата со премиерот, Фон Дер Лајен се сретнува и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.