Македонија

Изложба, забава и едукација со dm, ,,Бебелогија“, „Доилка“ и „Доење со љубов“

Пријавете се за учество во едукативните сесии по повод Светската недела на доењето!

Секоја година, во текот на првите седум дена од август се одбележува Светската недела на доењето, чија цел е да ја потсети јавноста за предизвиците со кои се соочуваат трудниците и родилките, но и да ја подигне свеста за здравјето на жените и децата.  А годинава, dm е дел низа на активности кои ќе ја адресираат оваа тема, под мотото „Предноста на доењето“.

dm drogerie markt ја започна едукацијата преку интеракција на социјалните мрежи, а од 5 август активностите продолжуваат во живо и ќе можат да се проследат бесплатно во Културно-социјалниот простор Центар – Јадро, само преку претходно регистрирање на присуството онлајн.

На 5 август ќе се одржи свеченото отворање на програмата и изложбата на фотографии „Во меѓувреме дојам“, која претставува визуелно сведоштво за доењето со сите негови емоции: понекогаш комично, понекогаш предизвикувачко, но секогаш лично и реално човечко искуство искуство кое претставува дел од приказната на секоја мајка.

Секој ден помеѓу 5 и 7 август, со почеток од 17:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се одржуваат едукативни сесии во присуство на доктори и експерти. Едукативните сесии ќе бидат отворени за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за здравјето на мајките, менталното здравје за време на бременост и пост-породилниот период, техники за здраво и успешно доење и методи за лактација и многу други важни работи за процесот на бременоста и справувањето со неа. Дојдете, учествувајте во дискусијата и пронајдете го одговорот на сите ваши прашања!

Како да се пријавите?

За сите настани што се одржуваат во КСП Центар – Јадро, пријавувањето е задолжително преку е-пошта: snd.organizacija@gmail.com, а со секоја пријава добивате и мал подарок и топло изненадување – затоа побрзајте, местата се ограничени! Резервирајте време за себе и за вашето бебе – бидејќи заслужувате поддршка, љубов и внимание.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top