Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

Две службенички од Државна лотарија се кривично пријавени за сомнение дека проневериле речиси 1,3 милиони евра, а при претресите поврзани со истрагата биле пронајдени злато, златен накит, „Сваровски“, скапи часовници и брендирани чанти од „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“. Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.Н., директорка на Секторот за финансии и сметководство во Државна лотарија, и Д.Д., шеф на финансиски работи, поради сомнение за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги.

Според пријавата, двете службенички во текот на 2024 година не го уплатиле на сметките на Државна лотарија целиот дневен промет од сопствените продажни места во износ од 46.038.720 денари, а дополнително од банкарските сметки на друштвото биле подигнати уште 33.950.724 денари.

Вкупно, станува збор за 79.989.444 денари, односно околу 1,3 милиони евра, за кои Финансиската полиција се сомнева дека биле противправно присвоени. Со тоа, според пријавата, на Државна лотарија ѝ била причинета штета од речиси 80 милиони денари.

Финансиската полиција сомничи дека двете службенички презеле повеќе чекори за да го прикријат недостигот на парите. Според пријавата, тие префрлале средства меѓу различни банкарски сметки на Државна лотарија, креирале налози и реализирале уплати и исплати со кои лажно биле прикажувани финансиски трансакции.

Дополнително, според надлежните, биле изготвувани и користени невистинити финансиски и сметководствени документи, биле евидентирани фиктивни касовни исплати, а спорните средства биле раскнижувани на различни сметководствени конта. На тој начин, според сомнежите, недостигот бил прикриван во деловните книги.

Во рамки на истрагата, по судска наредба и под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје, биле извршени претреси на пет локации – четири во Скопје и една во Валандово. При претресите биле пронајдени и одземени оригинална сметководствена документација поврзана со Државна лотарија, мобилни телефони, лаптопи, USB-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема. Но, меѓу одземените предмети имало и вредни лични предмети. Надлежните одзеле парични средства, злато и златен накит, накит од „Сваровски“, часовници со поголема вредност, како и брендирани чанти од светски познати производители, меѓу кои „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“.

Дополнително, надвор од една од претресуваните локации, во соседен двор, била пронајдена и фрлена документација за која надлежните сметаат дека е од интерес за постапката. Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека предметот произлегува од наодите во ревизијата што Државниот завод за ревизија ја спровел во Државна лотарија.

Случајот сега е пред Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да постапува по кривичната пријава и наодите од истрагата.

  • „Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, постои основан страв дека осомничените ќе ае обидат да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, како и особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите, но и околности што упатуваат на можноста да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени“, велат од Обвинителството.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Бугарија го „киднапира“ македонскиот цар Самоил, за да ги пополни „дупките“ во идентитетот на Бугарите и на својата средновековна државност!

Пропагандниот циркус на 3 октомври 2026 година кога македонската, европската и светската јавност гледаа во Софија масовни сцени со пренесувањето на „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во саканата татковина Бугарија“, на 6 октомври веќе задобива нови димензии: денешното поклонение пред наводните посмртни останки на средновековниот владетел претставува забрзување и кревање на највисоко рамниште на градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите. Ова е длабоко и добро осмислена операција на идентитетски, историски и национален инженеринг, заснован врз масовно присвојување на идентитетски елементи на македонскиот народ и автентичната македонска историја. Градење преку крадење – од македонскиот за бугарскиот идентитет!

To top