Свет

Американската амбасада повикува на итна евакуација од Русија

Аларм за здраствена тревога

Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување со кое ги повикува сите американски граѓани што се наоѓаат во Русија веднаш да ја напуштат земјата.

Предупредувањето следува по медиумски извештаи за смрт на лабораториска работничка во Иркутската област, за која се сомнева дека починала од пневмонична чума.

Според официјалното соопштение на амбасадата, американските власти се запознаени со извештаите од источносибирскиот регион, каде што е починато едно лице, а потоа се воведени карантински мерки и затворање на болници.

Амбасадата нагласува дека американската влада има ограничени можности да им помогне на своите граѓани во Русија, особено надвор од Москва.

Случајот се однесува на 28-годишна вработена во Иркутскиот античумен истражувачки институт, која според некои локални медиуми починала откако наводно случајно скршила епрувета со патогенот на пневмоничната чума.

Руските здравствени власти официјално ја опишуваат смртта како „пневмонија со непозната етиологија“ и тврдат дека не е потврден случај на чума.

Околу 200 лица што биле во контакт со починатата биле ставени под медицински надзор, а дел од нив подоцна се ослободени.

Светската здравствена организација ја оцени ризикот како умерен до низок во Иркутската област, низок за цела Русија и многу низок за поширокиот европски регион.

Сепак, американската амбасада го повтори постојното патничко предупредување од највисоко ниво – „Не патувајте“ – кое е во сила уште од 2022 година поради безбедносни причини и ризик од незаконско задржување.

Предупредувањето доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата, додека американскиот државен секретар Марко Рубио побара повеќе информации од руските власти.

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top