ВМРО-ДПМНЕ останува убедливо најподдржана политичка партија во земјава, покажува најновата анкета на агенцијата Маркет Вижн спроведена за МКД.мк.
На прашањето „За која политичка партија ќе гласате на наредните избори?“, 19,3% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата покажув дека СДСМ има само 5,6% поддршка што е историски најнизок рејтинг на социјалдемократите.
ДУИ и Влен се изедначени со по 4,2%, Левица има 4%, а ЗНАМ 1%.

Една четвртина од сите испитаници рекла дека воопшто нема да гласа за избори.
Околу 35 проценти од гласачите изјавиле дека не решиле за кого ќе гласаат, не сакаат да кажат, или не знаат дали ќе гласаат.
Анкетата е спроведена во периодот 11–27 септември на примерок од 1.200 испитаници.
Поврзани вести:
Сите тврдат дека има политичка апатија а анкетата на Маркет Вижн покажува друго