Околу 60% од граѓаните сакаат да гласаат, покажува најновата анкета на агенцијата Маркет Вижн спроведена за МКД.мк.
Иако за некои земји 60 проценти излезност е мала за Македонија ова покажува дека голем дел од граѓаните не ги фатила апатија.
Вообичаено во евентуална кампања за предвремени или редовни избори оваа бројка треба да е повисока.
Повеќе од 40% од испитаниците не се определиле за ниту една партија (нема да гласаат, не знаат или одбиле да одговорат), а 44,1% немаат доверба во ниту еден политички лидер.
На двојните Парламентарни и Претседателски избори во април – мај 2024 година излезноста беше помала од таа што се гледа сега на анкетата на Маркет Вижн.
Парламентарни избори (8 мај 2024): Излезноста изнесуваше 55,47% (гласаа вкупно 1.007.023 гласачи).
На Претседателски избори (2024):
• Прв круг (24 април 2024): Излезноста изнесуваше 49,91% (905.971 гласачи).
• Втор круг (8 мај 2024): Излезноста изнесуваше 47,47% (861.218 гласачи), со што успешно беше надминат потребниот законски цензус од 40%
Клучни податоци во новата анкета на Маркет Вижн се дека ВМРО-ДПМНЕ има 19,3% поддршка, а Мицкоски 20,4% доверба. СДСМ и Венко Филипче се далеку зад нив – со 5,6% и 3,8% соодветно.
Резултатите се слични со анкетата од јуни, кога ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски исто така беа убедливо први.
Анкетата е спроведена телефонски (CATI метод) на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, со статистичка грешка од ±3%.
Поврзани вести:
Историски резултати од анкета на Маркет Вижн за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ