Свет

80 години од атомското бомбардирање на Хирошима

Вкупниот број на жртви од нападот на 6 август 1945 достигна околу 140.000, убиени не само од колосалната експлозија и облакот од оган, туку и подоцна од зрачење…

 

Во Јапонија утрово се одржа тивка молитва по повод 80 години од фрлањето на атомската бомба врз градот Хирошима.

Молитвата се одржа во 8:15 часот наутро, точно во моментот кога на 6 август 1945 година американскиот авион Енола Геј ја фрли бомбата јапонскиот град.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба присуствуваше на церемонијата заедно со официјални лица од целиот свет.

„Јапонија е единствената нација што претрпела атомско бомбардирање во војна“, рече градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во Меморијалниот парк за мир во градот.

Ураниумската бомба детонирана над Хирошима имала експлозивна моќност еднаква на 15.000 тони ТНТ. Уништила и изгорела околу 70 проценти од сите згради

Вкупниот број на жртви од нападот врз Хирошима достигна околу 140.000, убиени не само од колосалната експлозија и облакот од оган, туку и подоцна од зрачење, објави АФП.

Три дена подоцна, на 9 август, друга атомска бомба уби 74.000 луѓе во Нагасаки.

Империјална Јапонија се предаде на 15 август, со што заврши Втората светска војна.

 

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top