Македонија

Овој Јули Македонија има десетици милиони евра поголем приход во споредба со ланскиот

Предходно проблем била слабата контрола на институциите, сивата економија, корупцијата и економскиот криминал

Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил.

 

Димитриеска-Кочоска нагласува дека во јули споредено со истиот месец лани приходите од даноци и придонеси бележат раст 7,4 отсто, приходите од акцизи бележат раст од 5,7 проценти, а приходите од увозните давачки бележат раст од 19,2 отсто.

 

,,Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните”, подвлекува министерката.

 

Министерката не открива за колку пари конкретно се работи но според висината на буџетот и растот во проценти може да се може да се претпостави дека се работи меѓу десетина и десетици милиони евра раст на приходите на државата само за месец Јули.

Зошто овие пари преходно не биле собирани по истата основа за многумина е јасно: слаба контрола на институциите, сива економија, корупција и економски криминал.

Најнови вести од: Македонија

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

ВМРО ДПМНЕ: ЈО да ги провери наводите на Филипче за криминал од 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска!

„Венко Филипче се огласи со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска. Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Најнови вести

To top