Бизнис

(Видео): Пак сме меѓу најдобрите – растот на БДП во 2025 година е 3,5%, рече Димитриеска-Кочоска

Државниот завод за статистика излезе со податоци за раст на БДП во последниот квартал од 2025 година и тој изнесува 3,8 проценти. Со овој податок се комплетира сликата за цела 2025 година. Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3,5 проценти. Министерката рече дека следи период на неизвесност и дека сега е рано било што да се каже, но дека може да се интервенира законски, како и со мерки на Влада и на Народната банка.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по објавувањето на податоците го изрази своето задоволство и рече дека пак сме меѓу најдобрите. Поголем раст во четвртиот квартал од регионот имале само Малта, Кипар и Полска, а од поблиското опкружување Србија имала раст од 2,2, Хрватска 3,6, Бугарија 3 и Словенија 2 проценти. Слична е и состојбата со годишниот раст од 3,5 проценти. Србија имала 2, Хрватска 3,2 проценти.

  • Растот на економијата во 2025 година за Владата и за Министерството за финансии е најдобар показател дека и во услови на непредвидливост може да се креираат добри економски политики – рече Димитриеска Кочоска.

За четвртиот квартал, таа посочи дека најголем раст има во градежништвото од 14,6 проценти и претежно е поради активностите во нискоградбата. Во врска со тензиите на Блискиот Исток, министерката рече дека следи период на неизвесност и дека сега е рано било што да се каже.

  • Засега нема некој драматичен раст на цените на нафтата. Законот е јасен, точно се знае во кои услови може да се намали акцизата, ние такво искуство веќе сме имале – рече министерката.

Таа посочи и дека ако новите конфликти се продлабочат и ако е неопходно ќе има ребаланс на буџетот, а Владата и особено Народната банка, имаат можноси за разни мерки.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top