Македонија

Хелсиншкиот Комитет бара МВР да ги гони ,,Балистите” за национализам

МВР итно да постапи во согласност со најавените мерки

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија го осудува националистичкото скандирање на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах.

Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции итно да постапат во согласност со најавените мерки за санкционирање на ваквите испади

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права кој го води извршната директорка Уранија Пировска бара МВР да ги гони членовите на навивачката група на Шкендија Балисти за националистичките извици на меч на Градскиот стадион во кои се бараше Голема Албанија.

 

,,Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра на 5 август во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје”, соопштија денеска оттаму.

 

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери“, се вели во реакцијата на Хелсиншки.

 

На натпреварот присуствувале, како што се наведува, претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити министерот за економија, Валон Дурмиши, како и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари и повторно ниту еден од овие високи функционери, за време на натпреварот не реагирал по повод навредувачките скандирања.

 

„Посебно дискутабилна е изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени. Осудата на говорот на ораза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, се додава во реакцијата.

 

Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции итно да постапат во согласност со најавените мерки за санкционирање на ваквите испади.

 

„Селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите. Спортските натпревари мора да бидат место на взаемно почитување, фер игра и градење на соживот. За говорот на омраза и националистичките пораки нема место ниту на трибините, ниту во јавниот дискурс“, наведено е во соопштението од Хелсиншки.

 

Предходно ХКЧП реагираше за националистикини изливи на навивачката група Кумани на кошаркарскиот меч Македонија со Романија во Куманово.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top