Спорт

Шкендија подобра од Вардар во дербито на колото

Тамба двоен стрелец во победата од 2:0 на тетовци над шампионот на негов терен во второто коло од Првата лига

Фудбалерите на Шкендија се враќаат со сите три бода од гостувањето во Скопје, кадешто го совладаа шампионот Вардар со 2:0 во дербито на второто коло во Првата македонска фудбалска лига.

Двоен стрелец за тетовските „црвено-црни“ беше Сенегалецот Фабрис Тамба во 52. минута и во 76. минута.

За тетовци ова е силен ветер во грбот пред реваншот со Хибернијан од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА в четврток исто така на Националната арена „Тодор Проески“.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top