Македонија

ДИК: Излезеноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти

Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а излезеноста изнесува 31,17 проценти, соопшти Државната изборна комисија на прес-конференција.

Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4.932 избирачи, излезеноста е зголемена за 0,62 процентни поени.

Од Комисијата информираа дека до попладневните часови биле поднесени седум приговори, од кои два се усвоени и избирачите го добиле своето избирачко право, еден е одбиен како неоснован, додека четири се во постапка на разгледување.

ДИК најави дека следниот пресек на излезеноста ќе биде соопштен во 18:30 часот, врз основа на податоците заклучно со 18 часот.

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на предвремените локални избори, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.

За градоначалничката функција се кандитирани шест кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), а во трката се и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.

Функцијата вршител на должност градоначалник во изминатиот период ја извршуваше Роберт Милошески.

Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 избирачи од десетте населени места во општината, од кои 449 се на привремена работа во странство, а девет лица се евидентирани во затвор или притвор.

Најнови вести од: Македонија

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку одделна и самостојна македонска нација

To top