Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово разговарала со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.
Главна тема на телефонскиот разговор според соопштението на претседателката било проширување на соработката во енергетиката

,,На мое барање, утрово остварив телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Во амбиент на глобална енергетска криза, разменивме мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со мојата официјална посета на Баку, се согласивме да ја продолжиме и прошириме соработката во областа на енергетиката”, стои во објавата на македонската претседателка.

Азербејџан е еден од најголемите извозници на природен гас кој соработува со повеќе членки на ЕУ.

Цената на европскиот природен гас на берзите забележува драстичен скок во октомври 2026 година, зголемувајќи се за над 174% на годишно ниво во споредба со истиот период минатата година.

Референтната цена на европскиот пазар на холандската берза TTF достигна 88,38 евра за мегават-час (MWh), што е највисоко ниво на цената од декември 2022 година. За споредба, само во последниот месец растот изнесува над 20%.

Енергетскиот шок е предизвикан од сериозните геополитички тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец, во комбинација со послабо пополнетите складишта за гас во Европа во пресрет на зимата.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top