Македонија

Од недела ќе се будиме еден час подоцна

Преминот од летно во зимско сметање на времето секогаш е во последниот викенд на октомври

Летното сметање на времето завршува в недела, на 25 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање

Ноќта меѓу сабота и недела, на 24 и 25 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Зимското сметање на времето ќе трае до недела, 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред.

Датумите се потврдени и со официјалната одлука на Владата, објавена во „Службен весник“ број 58 од 19 март 2026 година.

Поместувањето на часовниците двапати годишно се применува со децении, но неговата оправданост сè почесто се доведува во прашање.

Дискусијата за укинување на оваа практика трае со години, но европските земји сè уште немаат постигнато конечен договор.

Практиката во Европа била воведена во повеќе земји за време на Првата светска војна, а повторно се проширила во 1970-тите, во периодот на енергетските кризи. Подоцна, Европската Унија ги усогласи датумите за промена на времето, со цел да се избегнат нарушувања во транспортот, трговијата и функционирањето на единствениот пазар.

Европа со години најавува укинување, но без конечна одлука

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top