Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, прогнозира УХМР.
Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 22 степена.
Според прогнозата на УХМР, утре (петок) во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.