Бизнис

(Фото): Студот ги оштети лозјата во Тиквешијата, родот сериозно намален

Овоштарите велат дека ниту една осигурителна компанија не прифаќа осигурување на родот од мраз. Стручњаците објаснуваат дека во вакви случаи единствено решение за овошките и родот е чадење. Густиот чад создава завеса која го ублажува ладењето на пониските слоеви на воздухот.

Температурата на воздухот, која вчера наутро, на 2 мај, во Тиквешијата се спушти на нула степени, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, ги оштети лозјата и штотуку врзаниот плод. Невообичаено ниската температура за месец мај предизвика значителни штети. Лозарите засега немаат конкретни проценки, но јасно е дека кај дел од нив нема да има род на грозје.

  • „Имам три хектари лозје траминец, 90 отсто е измрзнато од ниската температура. Толку многу вложивме, а годинава ништо нема да добијам за возврат. Измрзнат е ластарот и оформираните плодови, што значи нема да има род“, вели Зоран Пешков, лозар од Кавадарци за порталот СДК.мк.

Слична е состојбата и во Росоман, пред сè кај лозјата кои се во фаза на развој.

  • „Индивидуално има штета, зависи кај кого како. Штета има кај родот на лозјето во пониските делови од Тиквешијата, покрај реките и водните површини. Тука има и оштетени овошки: праски, кајсии, цреши, иако кај нив штетите не се толку големи. Тие што се на повисоко се спасени“, вели овоштарот од Росоман, Владо Орданов.

Невообичаената температура за првите денови од мај, кога се спушти на нула, а во велешко и под нулата, предизвика дополнителни оштетувања. Во велешко лозарите се жалат дека годинава сè е измрзнато и оштетено. Големите компании кои имаат лозја покрај Вардар и езерото Младост засега се без коментар.

  • „Вакви временски услови во мај се ретка појава, особено кога имаат директно влијание врз лозарството и овоштарството, кои се од егзистенцијално значење за регионот на Тиквешијата“, вели лозар од Неготино.

Овоштарите велат дека ниту една осигурителна компанија не прифаќа осигурување на родот од мраз. Стручњаците објаснуваат дека во вакви случаи единствено решение за овошките и родот е чадење. Густиот чад создава завеса која го ублажува ладењето на пониските слоеви на воздухот.

Ова е четврта година по ред во Тиквешијата како родот на грозјето и овошките значително се намалува. Во 2023, поради хаваријата на системот за водоснабдување „Макарија“, следната, 2024 година, овошките немаа род поради последиците од сушата од претходната година. Лани, на крајот од март имаше мразови, што предизвика штети кај овошките. Така, црешите лани достигнаа цена и до 1.300 денари по маркетите, додека кајсиите и праските, чии род беше оштетен до 80 отсто, се продаваа по 400 денари за килограм.

Во вакви случаи на временска непогода, локалната власт формира комисии за проценка на штетите, кои излегуваат на терен и постапуваат по пријавите. Потоа проценката ја прифаќа Советот на општината, по што се препраќа до Владата, која ги обештетува земјоделците во висина од 5 отсто од проценетата штета. Така, деновиве, пред празникот, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека пристигнале средствата од Владата за обештетување на овоштарите и лозарите од ланскиот мраз. Пријавените 80 лица овие денови ќе добијат вкупно 3,8 милиони денари. Проценетата штета од ланскиот мраз изнесуваше 76 милиони денари, односно повеќе од 1,2 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top