Хроника

Скандал со лажни „кубански вакцини против рак“ во Велес: Осомничениот измамил повеќе граѓани, Обвинителството спроведува истрага и претреси

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист. Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела „измама“ и „надрилекарство“.

Во рамките на постапката, Обвинителството обезбедило наредби за претреси на повеќе локации, а при претрес на работното место на осомничениот во Велес биле пронајдени докази кои дополнително ќе се вештачат. Одземени се и електронски уреди, додека истражните органи продолжуваат со проверки за утврдување на сите околности.

Според досегашните сознанија на Обвинителството, осомничениот довел во заблуда повеќе лица, лажно претставувајќи дека им нуди вакцини против рак од Куба.

Надлежниот јавен обвинител веќе врши распити на оштетени лица, како и на други граѓани кои би можеле да располагаат со информации важни за случајот.

Обвинителството побарало од судот да му бидат определени мерки на претпазливост, односно одземање на патната исправа и обврска редовно да се јавува во судот.

Осомничениот во моментов е хоспитализиран во медицинска установа, каде што му било врачено решението за определување на мерките.

Од Јавното обвинителство информираат дека заедно со Министерството за внатрешни работи продолжуваат со прибирање докази и проверки, додека пристигнуваат дополнителни информации за случајот.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

Најнови вести

To top