Македонија

Дрон-спектакл над Скопје со ликот на Делчев и натписот „Гоце е Македонија!“ (ВИДЕО)

„Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!“, порача премиерот Мицкоски во прилог на видеото

Во чест на празникот 23 Октомври – Ден на македонската реовлуционерна борба, вечерва небото над Скопје со помош на дронови го осветлија ликот на Гоце Делчев, македонското државно знаме и натписите „Гоце е Македонија!“ и „ВМРО“.

„Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук во прилог на видеото со возуелниот спектакл над главниот град на Македонија.

Видеото со пригодното шоу со дронови на линкот.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

To top