Србија утре излегува на предвремени парламентарни избори. Околу 6,45 милиони граѓани имаат право да го дадат својот глас и да го изберат новиот состав на Собранието, во кое ќе има вкупно 250 пратенички места.
Во изборната трка учествуваат 18 листи. Гласањето ќе се одвива на 8.392 избирачки места, од кои 93 се отворени во странство.
Меѓу политичките сили што се борат за довербата на граѓаните, како главни фаворити се истакнуваат листата на владејачката коалиција предводена од Александар Вучиќ и студентската листа „Студентите победуваат“.
Анкетите нудат различни процени за исходот, а конечниот резултат во голема мера ќе зависи од излезноста и од гласовите на досега неопределените гласачи.