Регион

Балканот вознемирен од двојно убиство, еден преживеал, убиецот е во бегство

Го ранил домаќинот, ги убил гостите

Балканот вечерва е вознемирен од инцидентот во кој има двојно убиство, еден е преживеан анубиецот е во бегство.

Маж и жена чиј идентитет не се соопштува на вечерва се убиени додека биле на гости.

Ужасното злосторство се случило во градот Шамац во БиХ кој се наоѓа на граница со Хрватска.

Полицијата вечерва интензивно трага по напаѓачот кој со огнено оружје застрелал вкупно три лица, од кои две починале, а едно е рането, објави кликс.ба.

 

Како што објави овој босански портал, на местото на кое се случила пукотницата испратена и жандармеријата која го бара напаѓачот чиј идентитет наводно е веќе познат.

Повреденото лице е пренесено во здравствена установа во градот Добој за да му се укаже медицинска помош.

За случајот е информиран дежурен обвинител во Јавно обвинителство на Добој под чиј надзор полицијата ги презема сите мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност.

Како што неофицијално дознава порталот, вооружениот маж дошол во приватна куќа во која го ранил сопственикот и убил маж и жена кои биле гости во куќата. Настанот се случил доцна попладне околу 19 часот.

Поврзани вести

Огромна загуба за политичарот кој во земјава е познат како најрадикален противник на Македонија во битката за името

Трагедија во семејството на екс грчкиот премиер Самарас

Најнови вести од: Регион

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top