Регион

Трагедија во семејството на екс грчкиот премиер Самарас

Лена имаше 34 години

Ќерката на екс грчкиот премиероќ Андонис Самарас попладнево ненадејно починала на само 34 години.

Ќерката на Андонис Самарас, Лена, починала ненадејно на 34-годишна возраст откако доживеала тежок срцев удар.

Лена Самарас попладнево доживеала епилептичен напад и била однесена во болницата Сисманољо во Атина. Лекарите препорачале невролошки тестови, поради што била префрлена во болницата  Евангелисмос.

Таму за време на кардиолошкиот преглед, без да покаже никакви очигледни симптоми доживеала срцев удар.

И покрај напорите на лекарите, тие не можеле да ја реанимираат. Според информациите од медицински извори, таа имала историја на епилептични напади.

Лена Самара била градежен инженер и студирала на градскиот универзитет во Лондон.

Таткото Самарас во Грција е познат како силен противник на идејата зборот Македонија да се содржи во името на Република Македонија, и поради тоа ја напуштил владата на Мицотакис во 1992, односно поради несогласувањето со неjзината попустлива политика. Тој беше голем противник на какви било преговори со Република Македонија.

Самарас е пратеник во Европскиот парламент од Европската Народна Партија.

Според Антонис Самарас, Република Македонија во иднина нема да постои како самостоjна држава. Исто така, тој тврдеше дека ЕУ не може да ја принудува Грција да го признае уставното име на Република Македонија.

На 29 ноември 2009 избран е за престседател на грчката партија Неа Демократиа. На 20 јуни 2012 Андонис Самарас станал премиер на Грција.

Најнови вести од: Регион

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

To top