Македонија

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за полагањето на правосудниот испит: Законите да се темелат врз Уставот и европските стандарди

Владата на денешната седница ја усвои потребата за добивање итно мислење од Венецијанската комисија во врска со предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Со овој чекор, како што соопшти Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.

Во рамките на постапката, известителите на Венецијанската комисија ќе остварат средби со претставници на релевантните институции, парламентарните политички партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.

Предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје и на усниот дел во Министерството за правда.

Предложениот модел, како што се додава во известувањето, предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди.

„Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држава членка, ќе обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение. Нашата определба е јасна: законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа“, велат од Министерството.

Најнови вести од: Македонија

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надзорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Најнови вести

To top