Македонија

Мицкоски: Англија е значаен партнер на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новата амбасадорка на Англија во Македонија Маја Сивањанам.

– На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес – наведува премиерот во објавата на својот фејсбук-профил.

Мицкоски наведува дека Англија е значаен партнер на Македонија, а постојаниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни двострани односи и нови можности за соработка.

Најнови вести од: Македонија

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надзорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

To top