Македонија

Во Битола поставен споменикот на војводата Александар Турунџев (ВИДЕО)

Споменикот и официјално ќе биде ставен во функција на 120-годишнината од погубувањето на великанот на МРО на 30 август

По осум години поминати во дворот на Општина Битола, споменикот на војводата Александар Турунџев е поставен на новоизградениот кружен тек кај Ветеринарната станица, во близина на Ат-пазарот, кадешто истакнатиот воин на Македонската револуционерна организација е обесен на 30 август 1905 година.

Во наредните три седмици ќе се уреди и просторот околу споменикот изработен од Ѓорѓи Димовски, излеан во бронза, висок три метра и тежок 500 килограми, па тој и официјално ќе биде ставен во функција на 120-годишнината од ликвидацијата на великанот роден 1872 година во селото Горно Врбени, Егејска Македонија.

Тажната судбина на јунакот што се борел против грчката пропаганда, а бил заробен и егзекутиран по едногодишна робија во турски затвор, откако го предал божемниот пријател Митре Гинков за 150 жолтици, е опеана во песната „Црно му било пишано“.

По 16 од 33 години живот посветени на борбата за Македонија, Турунџев оставил таков белег врз македонското револуционерно дело што 3.000 битолчани ја следел поворката на чело со запрежната кола во која го превезувале до местото на извршување на смртната казна.

Непосредно пред самиот да си го стави јажето околу вратот и да скокне во смрт од кошарата на која бил качен, Турунџев извикал „Македонија ќе биде слободна!“.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Катица Јанева излезе од затвор, доби условен отпуст на казната што требаше да и трае до 2027 година

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“, оваа недела доби условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, каде што одлежаваше казна од 2021 година.

Филипче глуми патриот против мигранти, а во владата на Заев туркал мигрантски камп во Бардовци

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Именувана Наташа Крстевска Цалева за В.Д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје

На 9 декември, Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање

To top