Македонија

Викендов пак до плус 40 степени!

Нов африкански бран ќе ја погоди Северна Македонија во наредните денови. Според синоптичарите, високи температури од околу 40 степени ќе нè придружуваат до 13 август

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ,  за време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура.  Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне 40°C.

Денеска сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Институтот за јавно здравје препорачува температурата во просторијата за време на топло време да се одржува околу 25 степени. ИЈЗ исто така препорачува помеѓу 11:00 и 17:00 часот да престојувате во ладни средини и да не излегувате надвор непотребно.

Во текот на овие денови се препорачува граѓаните да консумира што е можно повеќе течности, избегнувајќи алкохол и зашеќерени пијалоци…

.

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Пендаровски отвори сериозни прашања за правниот систем

Од партијата посочија дека изјавите на Пендаровски упатуваат на можни политички договори за амнестии и враќање на лица обвинети или осудени за тешки кривични дела, како и за измени на Кривичниот законик кои подоцна имале значително влијание врз системот на кривична одговорност.

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода,но не била прифатена

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи мерка притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки и коруптивни дејствија.

АХВ спречила тони небезбедна храна да влезат во Македонија

Повеќе од 367 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во изминатите две години, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето на институцијата и Светскиот ден на безбедноста на храната

„Купиле“ бебе за 500 евра и незаконски го посвоиле

Успеале да ја убедат 35 годишната С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за „финансиска помош“ и бесплатни гинеколошки прегледи да извршат незаконско посвојување на нивното новородено бебе

To top