Бизнис

Спречивме поскапување на горивата, велат од Министерството за енергетика

Според надлежните, Македонија во моментов останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека со навремената интервенција на Владата е спречен ценовен шок и стабилизирани се цените на горивата на домашниот пазар. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која ќе важи од полноќ, цените на нафтените деривати остануваат на ниво кое, како што велат од Министерството, ги штити граѓаните и економијата од дополнителен удар.

  • Едноставно: спречивме поскапување, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните – изјавија министерката Сања Божиновска.

Клучната мерка со која е постигнат ефектот е намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, што директно влијаело на намалување на цените за 6 до 7 денари по литар. Според анализите, без оваа интервенција бензините ќе поскапеле за околу 6,5 денари, а дизелот за повеќе од 10 денари по литар.

  • Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања – од горивата до храната и услугите – нагласи Божиновска.

Од Министерството посочуваат дека се водат разговори со компанијата ОКТА за дополнително зголемување на попустите за трговците, со цел тие да се пренесат кон крајните потрошувачи. Воедно, се очекува и од малопродажните трговци да придонесат за дополнително намалување на ценовниот притисок.

Министерката истакна дека снабдувањето со горива е стабилно и непречено, и покрај глобалната енергетска криза предизвикана од случувањата во Заливот. Државните резерви се на стабилно ниво, а пазарната инспекција врши засилени контроли.

Дополнително, продуктоводот Скопје–Солун функционира без прекини, што овозможува сигурно снабдување на домашниот пазар. Од Министерството нагласуваат дека и понатаму внимателно ја следат состојбата и се подготвени за нови мерки, вклучително и дополнително намалување на ДДВ, интервенции во маржите или користење на државните резерви.

Според надлежните, Македонија во моментов останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата.

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник, при што цените изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм)

Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше значително поскапување за граѓаните и стопанството.

„Едноставно: спречивме поскапување, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните.“

Во услови на силен раст на цените на светските пазари во изминатиот период, Владата донесе клучна мерка:

– намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%

Оваа мерка, која ќе важи во наредните две недели со можност за продолжување, обезбеди директно намалување на цената за 6 до 7 денари по литар, како и спречување на дополнителен ценовен удар.

Најнови вести од: Бизнис

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

To top