Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Околу 100 македонски компании се пријавиле да учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот „Експо“, која ќе се одржи 15 мај до 15 август 2027 година во Белград. Македонскиот павилјон е со големина од 660 квадратни метри, а како што кажа Александар Велиновски, комесар за македонскиот павилјон, административните процедури за неговата изградба биле како да се гради стан во центарот на Белград.

  • Има компании од сите дејности – туризам, производство, козметика, стоматолошки услуги… Сојузот на стопански комори, со кого соработуваме, ќе им даде логистичка поддршка за тоа како најдобро да се претстават. Нашиот буџет за оваа манифестација е околу еден милион евра, од кои најмногу ќе се потрошат за павилјонот што треба да биде готов до крајот на годината. Пари има и за промоција – рече Велиновски.

Тој објасни дека тема на нашиот павилјон е „Сите ритми на сонцето“.

  • Посебен акцент има туризмот, виното и храната и токму сонцето што ги прави поинакви кај нас – потенцираше Велиновски.

Данило Јериниќ, директор на „Експо 2027“, рече дека ќе учествуваат 140 земји од светот, се очекуваат четири милиони посетители, од кои 1,2 милиони од странство.

  • Темата на саемот е „Играј за човештвото – спорт и музика за сите“. Токму, спортот и музиката во нашиот регион традиционално ја поврзуваат публиката преку државните граници, а оваа моќ на поврзување ја препознава и темата на „Експо“ – рече Јериниќ.

На манифестацијата се очекува и учество на 20.000 волонтери, а од Македонија се пријавиле околу 1.000.

  • Младите луѓе ќе може да разговараат меѓу себе, да споделуваат искуства. Ќе може да се запознаат со оние од Кина, Австралија, Саудиска Арабија. Тоа е наследството што ќе го оставиме за идни контакти и пријателства – рече Јериниќ.

Србија се избори во остра конкуренција да биде домаќин на „Експо“. Целиот проект го чини Белград 1,29 милијарди евра, но очекувањата за придобивките се големи. Според подготвената студија за ефектите од „Експо 2027“, се проценува дека проектот би можел да генерира 9,07 милијарди евра нова вредност за српската економија до 2037 година, мерено според бруто-додадената вредност.

Јериниќ рече дека имаат детален план што ќе прават со објектите по завршување на манифестацијата – ќе добијат простории за меѓународен саем, простор со 3.000 седечки места, односно 15.000 за седење за концерти, помал бизнис-центар, а модуларните делови што може да се користат за разна намена, ќе се разнесат низ градовите по Србија за да може секој град да добие парче од „Експо“. На манифестацијата се предвидени 8.000 настани – културни, спортски и музички.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top