Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

default

Системот овозможува складирање на повеќе од 200 MWh електрична енергија, количество еквивалентно на целосно полнење на приближно 3.000 електрични возила. Со складирање на вишокот произведена енергија од обновливи извори и нејзино испорачување во периодите кога побарувачката е поголема, проектот придонесува за поефикасно искористување на зелената енергија и намалување на ограничувањата на производството од обновливи извори. Изграден на површина од приближно 100.000 квадратни метри, системот опфаќа три станици за складирање со вкупна моќност од 100 MW и капацитет од 200 MWh. Батериите користат технологија на литиум-железо-фосфат (LFP) со систем за течно ладење, а проектот е поврзан со електропреносната мрежа преку нова трансформаторска постројка од 33/150 kV и подземен високонапонски вод во должина од околу пет километри. Во текот на изградбата беа отворени приближно 100 директни работни места, со дополнителен придонес за локалната економија.

  • „Складирањето електрична енергија е клучна компонента на енергетскиот систем на иднината. Батериите обезбедуваат флексибилност за интегрирање поголеми количества енергија од обновливи извори, ја зголемуваат сигурноста на електроенергетскиот систем и создаваат услови за почиста и подостапна енергија за потрошувачите“, истакна Сотирис Капелос, извршен директор на HELLENiQ Renewables, компанијата во рамките на групацијата HELLENiQ ENERGY задолжена за развој на проекти за обновлива енергија.

Проектот беше избран во рамките на првиот јавен повик на грчкото Регулаторно тело за отпад, енергија и вода (RAAEY) за поддршка на системи за складирање енергија. Неговата реализација е дел од националниот план „Грција 2.0“, финансиран од Европската Унија преку инструментот NextGenerationEU.

  • „Складирањето зелена енергија претставува клучна инфраструктура, бидејќи овозможува поефикасно искористување на енергијата произведена од обновливи извори, ја зајакнува сигурноста на електроенергетскиот систем и создава услови за поголема енергетска безбедност и пристап до одржлива и достапна енергија за сите“, изјави Јоргос Алекопулос, заменик-извршен директор на HELLENiQ ENERGY.

HELLENiQ ENERGY продолжува да го проширува своето портфолио на проекти за обновлива енергија и складирање, кое надминува 6 GW во различни фази на развој. Повеќе од 1 GW од ова портфолио се однесува на проекти за складирање енергија во Грција, Романија, Кипар и Бугарија. Во тек е и изградбата на вториот проект за складирање во Лерин, со моќност од 50 MW и капацитет од 200 MWh. Стратешката цел на Групацијата е до 2028 година да има 1,5 GW оперативни капацитети за обновлива енергија, а до 2030 година повеќе од 2 GW, преку избалансирано портфолио на соларни и ветерни електроцентрали и системи за складирање.

Следејќи ги глобалните енергетски трендови и заложбите на HELLENiQ ENERGY, како дел од оваа групација, и ОКТА инвестираше во батериски систем за складирање кој што е интегриран со 12 MW фотоволтаичната централа на компанијата, создавајќи современа енергетска целина во која електричната енергија од сонцето се произведува, се складира и потоа може да се користи во периоди кога тоа е најпотребно и економски најповолно. Првите два батериски контејнери имаат вкупна моќност од 4 MW, а по планираното активирање на третиот контејнер, системот се очекува да достигне капацитет за складирање од околу 6 MWh и излезна моќност од околу 3 MW. На годишно ниво, се очекува системот да складира околу 2.100 MWh електрична енергија.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

Најнови вести

To top