Бизнис

Административна мафија ја урива економијата со блокада на ангажирање странски работници во Македонија

Дали судијата што утре ќе суди за судбината на странските работници жртви на македонските игри во матно знае што се случува засега не е познато

Покрај правосудната мафија во Македонија се покажуваат знаци на постоење на Административна мафија која со помош на недоречености во законите и кршење на правила го спречува и го забавува процесот на ангажирање странски работници во Македонија.

 

Иако тој процес на носење на странски работници е неопходен за опстанок на македонската економија и веќе масовно се случува во целиот регион во Македонија, група на административни работници водејќи се од лични бизнис или политички мотиви прават огромна штета на Македонија.

 

Еден од примерите кој укажува на постоењето на оваа мафија добро скриена во повеќе институции како на пример Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе биде јавно достапен утре со сите свои детали.

 

Судски извори тврдат дека утре во скопскиот суд ќе им се суди на група работници од далечна земја кои може да бидат прогласени за виновни затоа што македонските институции односно поединци внатре во нив од лукративни причини ,,ги наместиле” работниците да излезат пред суд.

 

На странските работници формално ќе им се суди за пречекорување на престојот во Македонија за еден ден иако тие се во земјава со месеци и имаат добиено дозвола за работа во во Македонија.

 

Упатен административец кој има увид во случајот за expres.mk вели дека се работи за толку добро организирана административна мафија која без добро познавање на законите и процедурите не можете ни да ја забележите се прави огромни штети.

 

Дали оваа мафија не сака да дозволи влез на работници преку фирми кои не се ,,пожелни”, дали заради ,,рекет систем” или заради политички причини група луѓе кои на овие теми работат од времето на СДСМ и ДУИ кога почна потребата од странски работници, прават опструкции против кои нема лек освен ако судиите кои ги решаваат овие спорови не се едуцираат за проблемот.

 

Освен судиите со оваа мафија треба да се справи и премиерот Мицкоски кој ако сака да има силна економија ќе мора да расчисти со луѓето кои го уриваат системот за прием на свежа работна сила.

 

Дали судијата што утре ќе суди за судбината на странските работници жртви на македонските игри во матно знае што се случува засега не е познато но сигурно е дека наскоро ќе мора да дознае ако сака да пресуди според законот.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top