Бизнис

АЛКАЛОИД со сребрен медал од EcoVadis и со пласман меѓу најдобрите 15 % компании на глобално ниво

Со ова признание АЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци

АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признание АЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци.

Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД на одржливиот развој, одговорното работење, транспарентноста и континуираното унапредување на деловните практики. Ова признание дополнително ја потврдува зрелоста на системскиот пристап на компанијата во имплементацијата на ESG-стандардите и ја зајакнува довербата кај нејзините меѓународни партнери и соработници.

Според резултатите од оценувањето, најзначаен е пласманот на АЛКАЛОИД меѓу најдобрите 3% од оценетите компании во индустриската категорија Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. Дополнително, во поединечните области, АЛКАЛОИД се наоѓа меѓу најдобрите 1% компании во областа животна средина и 1% компании во областа трудови и човекови права, меѓу најдобрите 13% во областа одржливи набавки и меѓу најдобрите 19% во областа етичко деловно однесување.

EcoVadis е една од водечките глобални платформи за оценување на корпоративната одржливост, а нејзината методологија ги опфаќа областите животна средина, трудови и човекови права, етика и одржливи набавки.

Признанието од EcoVadis претставува дополнителен поттик компанијата и натаму да ги унапредува своите практики и да создава долгорочна вредност за вработените, партнерите, заедницата и за сите засегнати страни, во согласност со најдобрите меѓународни стандарди и практики.

Во годината во која компанијата го одбележува својот голем јубилеј, 90 години АЛКАЛОИД, ова е уште еден доказ за вредноста на знаењето, за моќта на посветеноста за создавање траен импакт и за важноста на упорноста во градењето доверба што трае низ годините.

Кликнете на линкот за да видите повеќе детали и информации за методологијата за нашето признание EcoVadis https://recognition.ecovadis.com/ZLNSe7sRfEa7mySN6_guYw.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top