Бизнис

Алта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој

АЛТА банка а.д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи голем чекор со доставување на понуда за превземање на Стопанска банка а.д. Битола. Со оваа инвестиција ќе започне ново поглавје на раст во секторот на финансиски услуги за граѓаните и компаниите во Македонија.

Со 88,0921 проценти од вкупниот број на издадени обични акции од Стопанска Банка А.Д. Битола, Алта Банка и официјално влегува на македонскиот пазар, дознава Фактор. Според информациите до кои дојдовме, откупени се 344.420 акции од 262 лица, со што преземањето е успешно, а истото го потврдува адвокатот Александар Кралевски, полномошник на Алта Банка.

Алта Банка имаше намера за преземање на Стопанска Банка А.Д. Битола, но постапката запре поради промена на преземачот во рамките на истата групација. Новото одобрение, Алта Банка го доби на 11 септември годинава, а веднаш потоа, беше објавена и јавната понуда за преземање на акциите.

АЛТА банка е значаен финансиски актер во регионот и се очекува дека и во Македонија ќе настапи одговорно и домаќински – со целосно почитување на пазарните специфичности, потребите на клиентите и регулаторната рамка. Доколку оваа инвестиција се реализира ќе претставува значаен чекор кон регионално поврзување, зачувување на континуитетот и отворање простор за иновации и нови развојни можности.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top