Бизнис

Андоновски: „Метеж во продавници – знак дека проектот е успешен!“

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени.

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

На новинарско прашање Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен и оти за тоа сведочи метежот и побарувачката во продавниците. Очекува до крајот на јавниот повик, 20 декември, најголемиот дел од студентите да ги земат ваучерите, а до крајот на рокот за проектот, 1 јануари, да набават уреди.

– Во последните пет шест дена веќе имаме намалување на бројот на издадени ваучери што покажува дека најголемиот дел од заинтересираните студенти на кои им беше приоритет да извадат ваучер веќе го имаат направено тоа. Остануваат уште 15.000 нераспределени и очекувам до крајот на јавниот повик најголемиот дел од студентите да го извадат ваучерот. Она што ме радува е што 21 000 студенти веќе си подигнале електронски уреди со тие ваучери, што значи дека нешто повеќе од половина се искористени. Очекувам до 1 јануари сите кои биле заинтерсирани и подигнале ваучер да го реализираат. Има метеж во продавниците, има голема побарувачка, тоа беше и целта на проектот и мислам дека е сосема успешен, изјави Андоновски, по промоцијата на ви фи зона со бесплатен интернет на Фиозофскиот факултет – Скопје.

На новинарско прашање, Андоновски најави дека доградбата на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) кои со години се во фаза на карабина, ќе почне во 2026 или 2027 година.

– Министерството за образование и наука работи на ревизија на проектот. По завршување на ревизијата бидејќи треба да се ревидира целиот објект којшто е напуштен за жал поради негрижа на претходната власт веќе 10 години, се надевам дека ќе почне процес на реновирање. Очекувам дека тоа ќе започне во 2026 или 2027 година и ќе се заврши до крајот на мандатот, изјави Андоновски.

Во однос на заштитата на електронските адреси на училиштата, по неодамнешните случаи со дојави за бомби, ги повтори насоките да се почитуваат протоколите за однесување и да не се користат приватни адреси туку официјалните на училиштата и на МОН.

Најнови вести од: Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи

Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра

Управителот на „TESSA Energy“ вели дека ова е само првата фаза, а веќе во втората фаза се планира нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар

„Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Присуството во Хјустон беше можност Грин Машинс да ги претстави своите целосно електрични решенија за урбано чистење пред американската професионална јавност

Е-фактурата носи ново ниво на дигитализација и поголема правна сигурност за компаниите

Електронската фактура претставува една од најзначајните дигитални реформи што ја спроведува Управата за јавни приходи. Нејзината цел не е само да ја замени хартиената фактура со електронска, туку да воспостави целосно нов модел на дигитална комуникација помеѓу компаниите и даночната администрација. Со оваа реформа создаваме побрзи процеси, поголема правна сигурност, подобра даночна усогласеност и значително помал административен товар за компаниите.

Дурмиши: Владата го штити стандардот, инфлацијата падна на 2,6 проценти

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање од Јованка Тренчевска (СДСМ), истакна дека Владата презема активни мерки за заштита на животниот стандард, што резултираше со намалување на инфлацијата на 2,6%.

To top